Орхаин Баграини (39) е убиениот, додека Сеад Слезовиќ (45) е ранетиот во пукањето ноќеска во хотел во Халкидики, јавууваат грчки медиуми.
Двајцата бизнисмени поврзани со казино и фабрика за пијалоци во земјава, биле во посета на Халкидики , јавува „Иефимирида“.
Тие денеска напладне требало да се одјават од хотелот, велат извори на медиумот.
Се’ упатува на ликвидација бидејќи пред неколку дена непознати лица го егзекутирале нивниот партнер, исто така од соседната земја.
Инцидентот се случил во 3.30 часот наутро во Ханиоти, Халкидики кога, според очевидци, маскирани напаѓачи со поголема група упаднале во изнајмената хотелска соба во која била сместена жртвата и почнале да пукаат, испукувајќи повеќе од 20 куршуми по што исчезнале.






