ДУИ се надева на повеќе гласови од СДСМ на следните парламентарни избори. Интегративците се надеваат дека ќе бидат втора партија од вкупниот број на гласови во државата. Министерот за економија , Крешник Бектеши, кој доаѓа од редовите на ДУИ, во интервју за “Глас на Америка” , вели дека според последните анализи ДУИ може да биде втора партија на ниво на држава.
-На наредните избори ДУИ ќе биде лидер во албанскиот политички блок, а согласно последните анализи можела да биде и втора партија на ниво на држава, вели во интервју за Гласот на Америка на македонски министерот за економија Крешник Бектеши кој е член на централното претседателство на ДУИ.

Извор :https://mk.voanews.com/a/dui-mozhe-da-e-vtora-parti%D1%98a-po-glasovi-na-narednite-izbori-veli-bekteshi/7180464.html





