Македонија вечна: Професорка по македонски јазик одбила состав во кој ученик напишал северна

Профилот на професорката по македонски јазик Ана Симонова објавува дека таа одбила состав во кој ученикот напишал северна по што родителот и напишал порака да провери дали е тоа точно.



Професорката потврдува дека не прифаќа Македонија да биде наречена северна и објавува принт скрин од комуникација со родителот која се случила во последните денови од минатата учебна година.

,,Јас како наставник по МАКЕДОНСКИ јазик цврсто стојам на ставот дека моите ученици пред се ќе ја изучуваат историјата на овој јазик

❤️Кирил и Методиј, Климент и Наум – 9 век …(макар и да ги нема во учебниците имаме и стари учебници)

❤️Македонската варијанта на црковнословенскиот јазик

❤️Пробивот на народниот јазик првенствено …

Се обврзувам како наставник да ги научам од каде потекнува нивниот јазик, како се развил … да го чуваат и љубат како зениците во очите бидејќи без јазик сме никој и ништо.

Се обврзувам како наставник да ги научам дека нашата земја е Македонија и само МАКЕДОНИЈА – позната како земја на езера и планини, земја која се протегаше се до Индија.

Земја која ја омаловажуваа, раскинаа, унакажаа, расцепкаа предавници кои не се Македонци.

Моја должност како наставник е предавниците да останат запаметени исто како и оние кои со своја крв и челад ја создадоа.

Македонија ВЕЧНА!

Ги повикувам сите колеги од областа МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК да останат цврсто зад овој јазик и оваа наша земја МАКЕДОНИЈА”, пишува Симонова на Фејсбук.