Ѓорѓиевски: Наместо да ни се заблагодарат , не нападнаа бидејќи го чистевме градот

Наместо благодарност, бевме нападнати, рече градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за „Click Plus“ на „ТВ21“ во однос на проблемот во ЈП „Комунална хигиена“ и штрајкот на дел од вработените.
Ѓорѓиевски додаде дека не можел да дозволи да останат полни контејнерите.
– Излегоа сите колеги од другите општини за да реагираме. Ние немаме механизација и не примаме средства за да имаме капацитет да ја исчистиме општината, но има критични точки како што се градинки, училишта и паркови, тука мора да се чисти затоа што јас не можам да дозволам да се шири зараза во мојата општина. И наместо да добиеме благодарност, ние бевме нападнати дека сме се организирале оркестрирано да го чистиме градот, рече Ѓорѓиевски.