Предвремени избори може да има само, ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени и потоа да распишеме предвремени избори, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во интервју за „Гласот на Америка“,
„Само тоа е опција што како Влада би прифатиле. Мислам дека не е време за предвремени избори, туку е време за понесување одговорност и имплементација на нашите обврски“.
Според него „граѓаните ќе ни бидат благодарни доколку ја завршиме обврската пред изборите, за да не бидат изборите оптоварени, за тоа кој е „за“, а кој е „против“ уставните измени, затоа што тоа ќе не внесе во нов 10-годишен тунел, од кој не знаеме дали ќе може да излеземе порано од 10 години.
Не е време за предвремени избори, време е за носење одлуки“ вели вицепремиерот.







