Според новиот скандал со прислушување кој е објавен во Израел македонската Оперативно Техничка Агенција (ОТА) имала ДРАФТ договор со Грчката разузнавачка служба за користење на ПРЕДАТОР – нелегален софтвер за прислушкување.
Според истрагата, прелиминарен договор бил изготвен во март 2022 година. Но тој не бил операционализиран затоа што еден месец во Атина подоцна изби скандалот „Грчки Вотергејт“.
Овој скандал откри широка употреба на малициозниот софтвер Predator против грчки политичари, новинари и бизнисмени.
Како резултат на јавниот притисок договорот со Македонија никогаш не бил потпишан.
Во септември 2022 година, во сведочењето пред парламентарната истражна комисија, шефот на тајната служба на Грција го потврдил постоењето на овој нацрт-договор за користење на шпионскиот софтвер, но негираше каква било поврзаност со формата што го направила софтверот – Интеллекса.
Новинарите во Грција и Македонија го добиле електронскиот нацрт на договорот, кој, според еден извор, бил испратен до Интеллекса, пишува во својот извештај еден од водечките израелски медиуми Харец.
Во периодот на потпишувањето на нацрт договорот македонската влада ја водат Димитар Ковачевски и Артан Груби.
ВМРО-ДПМНЕ пред еден месец обвини дека владата на ОТА неодамна и одобрила финансиски средства за набавка на систем за следење на комуникации за кои агенцијата нема ингеренции.
Новиот огромен скандал некој се обидува да го засени со акцентирање на помалку важни информации за македонците
Грчка истрага откри дека СДСМ и ДУИ поседуваат софтвер за следење на граѓани
Најчитани вести
До својот „Заробен дом“ со скок преку туѓи огради – Македонска урбана неправда (ВИДЕО)






