Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во гостување на ТВ24 изрази сомневање дали Македонија е подготвена за ЕУ поради високото ниво на крупција, за што јавно и јасно проговори еден амбасадор.
„И еден амбасадор овде отворено кажа дека не ги интересираат уставните измени, туку корупцијата. Тој јавно кажа. Да имаме чиста ситуација каде ќе бидат сигурно дека Македонија заслужува почеток на преговори, верувајте ќе отиде еден дипломатски тешкаш во Бугарија и за едено претпладне ќе ја зарши работата. Но, тоа не се случува.
„Во Македонија доаѓаат министри за надворешни работи, функционери, а во Бугарија не отишол никој. Тоа е потврда дека неколку големи земји членки на ЕУ, мислат дека Македонија не е спремна и ја гледаат Бугарија како добар изговор, што не води до клучниот проблем дека високото и широко распространето ниво на корупција ги удира темелите на македонското национално достоинство.
Затоа што со високо ниво на корупција главните земји членки мислат дека Македонија не заслужува почеток за преговори, а ја оставаат Бугарија да удира во темелите на македонската државност, култура и јазик“, рече Николоски.
Според него, треба ние да се договориме во следниот период дали ова искрено ќе се поразговара со земјите членки, ќе ги средиме работите и ќе настапиме поорганизирано кон Бугарија.







