ТВ21: Арсовска ќе формира партија!?

Голема е веројатноста градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да формира своја политичка партија.



Според информациите на ТВ21, идејата постои извесно време, а се заснова врз проценката на нејзините советници дека таа уживала голема поддршка кај граѓаните, односно интелектуалците, граѓанскиот сектор, дел од неопределените гласачи. реклама

Оваспоред ТВ21 најверојатно е потикнато од резултатите во последната објавена анкета на ИРИ, каде на прашањето дали Арсовска треба да биде резибрана за градоначалник на главниот град, 29% од испитаниците одговориле потврдно, додека 53 отсто негативно. Осумнаесет проценти се изјасниле дека не знаат или не сакаат да одговорат.