Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски ги одбива уцените и сценаријата кои се пласираат од припадници на интелектуалци и политички фигури во албанскиот политички блок кои велат дека без уставни измени, без учество на ДУИ во владата ако биде победник на изборите или без исполнување на барањата на албанските политички партии може да дојде до дестабилизација на Македонија.
Запрашан како ги коментира пораките дека може да има конфликт меѓу македонците и албанците ако ВМРО-ДПМНЕ не го избере ДУИ за партнер во владата Клековски цитира мисла на Даме Груев: Доста е, подобро ужасен крај отколку ужас без крај.
Според Клековски Македонија мора да преземе радикални чекори и да спроведе тешки реформи во кои ДУИ поради корупцијата на актуелниот партиски врв не треба да учествува одреден период без разлика дали ќе победи во албанскиот блок.
Целата емисија ,,Заспиј ако можеш” со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ во кое Клековски ги објаснува неговите позиции во продолжение






