Покрај со ракувањето и суперсоничната средба од неколку секунди со изненадениот американски претседател Џо Бајден, од учеството на премиерот Димитар Ковачевски на самитот на НАТО во Вилнус ќе остане запаметено и по фотографијата на денот со неговата вратоврска без врска.
За разлика од стокмената сопруга покрај него, вратоврската дефинитивно му откажа послушност на претседателот на Владата, во споредба со херојскиот отпор на копчето од палтото.





