Републичкиот судски совет попладнево доби нови членови а на вториот кандидат кој се бираше од сите судови не му помогна ниту агресивното ,,лобирање” кое дел од судиите го толкуваат како притисок пред гласањето.
Убедлива победа на судијката од Граѓанскиот суд Скопје, Антоанета Димовска денеска со 110 гласа од своите колеги е избрана за нов член на Судскиот совет.
Вториот кој ја загуби битката е претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев кој добил 49 гласа, информираат неофицијално извори во РСС.
Право на глас во изборот на нов член на РСС имаа 236 судии од кои 16 од Врховниот суд и 220 од 16 судови од подрачјето на скопска апелација.
Како втор член на РСС денеска е избран Наќе Георгиев како единствен кандидат од Врховниот суд кој добил катастрофална поддршка од овој суд каде дури 7 судии не гласале за него.
Во ,,Врховен” за Наќе Георгиев имало
6 гласа ЗА и 7 неважечки ливчиња.
Неважечките ливчиња на судиите во Врховниот суд се силен показател за тоа колку е (не)авторитетен Наќе Георгиев меѓу неговите колеги.
Изборот на нови членови на РСС се случува по скандалите во оваа правосудна институција каде една претседателка обвини за бизнис притисоци а втората во акција на судии под контрола на ДУИ беше сменета надвор од законот.
И двете екс претседателки беа предложени од СДСМ од каде доаѓа и сегашниот претседател.






