Жестока дебата со навреди, барање оставка и одговорност започна вонредната седница на град Скопје, откако советниците дознаа за отсуството на градоначалничката Арсовска. Вонредната седница беше закажана поради актуелната состојба со комунална хигиена, со цел спречување на еколошка катастрофа и појава на заразни болести. Во бараките на град Скопје не дојде ниту директорката Косана Мазнева.
Советниците на град Скопје на седмата вонредна седница ги донесоа заклучоците по единствената точка на дневен ред за актуелната состојба со комунална хигиена, со цел спречување на еколошка катастрофа и појава на заразни болести. Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски по координацијата на советничките групи го прочита заклучокот, во кои се предвидени и мерки.

- – Прво се задолжува градоначалникот на град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје да ги преземат следните мерки: Редовно чистење и миење на сите сообраќајници во град Скопје. Дезинфекција и дезинсекција на сите места каде што се наоѓаат контејнерите и во блиската околина. Дезинфекција и дезинсекција и редовно одржување на контејнерите. Итна набавка на пет нови камиони и механизација за собирање на отпад. Итна набавка на пет модерни еколошки чистачи на улиците и сообраќајниците, вели Славевски.
Меѓу заклуоците е и детална проверка на договорите на вработените, за коишто има сомнеж не се појавуваат на работа, а оставруваат право на плата, како и на оние кои имаат нерегулиран статус повеќе од пет години.

- – Одговорност за сите кои директно или индиректно учествувале во креирањето на ваквите состојби во ЈП „Комунална хигиена“. Проверка и на договорите за вработување и во останатите јавни претпријатија во соработка со надлежните државни институции, вели Славевски.
Меѓу заклуоците на советниците на Советот на град Скопје и ревизија на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“, како и формирање и на работно тело за надзор на работата на јавното претпријатие. Советниците побараа и редовни координации меѓу градоначалничката и координаторите на советничките групи.





