Шаленберг: Или уставни измени или…

На зедничката прес-конференција со министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг, денеска предупреди дека Македонија ќе биде изолирана доколку не ги прифати уставните измени и не продолжи да оди кон европскиот пат.



„Штом ќе почнат преговорите, тоа е неповратен процес. Земјата чека 18 години да дојде до овој момент. Сега вам ви останува да го искористите овој момент. Политички треба да се биде одговорен и пред се да се имаат националните интереси. Моментот е сега и ве уверуваме дека не се мешаме во внатрешните работи на земјата“, порача Шаленберг. 

Во име на тројцата министри на три членки на ЕУ кои допатуваа денеска во земјата уште додаде дека тоа „не се случува секој ден“:

„Нашата порака е едноставна и силна – тоа е порака на охрабрување, нема време за губење, би сакале да продолжите со потребните уставни измени за да почнете со преговорите за членство. Да се одложи усвојувањето на амандманите значи да се одложи пристапувањето на с.Македонија. Би било штета Скопје, откако истрча еден тежок маратон да се сопне на следната пречка. Долг пат изминавме заедно и надминаме многу тешкотиии“ рече Шаленберг.

Австриецот доби брз одговор што нема да му се допадне

Конечно некој да им каже на дипломатите дека мора да ги почитуваат македонците

Мицкоски со остра порака одговори на заканите од австрискиот шеф на дипломатијата (ВИДЕО)