Топлотниот бран, кој италијанското метеоролошко друштво го нарече „Кербер“ по троглавото чудовиште на грчката митологија, опишано и во „Пеколот на Данте“, се прогнозира дека ќе предизвика екстремни услови во следните неколку дена.



Највисоки температури се очекуваат утре, јавува Би-Би-Си.

Топлотниот бран зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка.

Се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска и Турција.

Во Италија температурите би можеле да достигнат и до 48,8 степени, а црвено предупредување е издадено за 10 градови, меѓу кои Фиренца и Рим.

Маж на околу четириесет години почина од топлотен удар во северна Италија во вторникот.

„Се соочуваме со неподнослив топлотен бран“, напиша на Твитер италијанскиот политичар Никола Фратојани.

Највисоката температура во Европа од 48,8 степени е забележана во близина на Сиракуза на италијанскиот остров Сицилија во август 2021 година.

Повеќе од 60.000 луѓе починаа во Европа како последица на горештините минатата година. Се стравува дека овој топлотен бран може да предизвика уште многу смртни случаи ова лето.