Британскиот министер за одбрана Бен Валас го предупреди украинскиот претседател Зеленски дека мора да покаже благодарност за донациите на оружје за да ги убеди западните политичари да дадат повеќе, пренесоа агенциите.



„Велика Британија не е служба за испорака на оружје на ‘Амазон’ во Украина, а Киев би можел да биде мудар да им покаже на своите сојузници одредена благодарност“ рече Валас, пренесе Скај њуз.

Валас ова го изјави на маргините на самитот како одговор на прашање за поплаките на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев не добил распоред за приклучување кон Алијансата.

Лондон е еден од најверните поддржувачи на Киев од руската инвазија минатата година, а премиерот Риши Сунак на самитот на НАТО во Вилнус најави дека Британија и нејзините сојузници ќе ја удвојат поддршката за Украина.

Валас рече дека неговиот совет до Украинците е да имаат на ум треба да убедат некои скептични политичари во Вашингтон и другите западни престолнини дека десетици милијарди фунти што ги трошат на воена помош за нивната земја за војната со Русија вредат.

Со други зборови, откако доби оружје, воена опрема и муниција во вредност од повеќе од 70 милијарди долари, украинската армија не направи ништо во толку најавуваната пролет/лето офанзива. На големо разочарување на Западот.

Запрашан за коментарите на Валас од новинар на Скај њуз, Зеленски рече: „Не разбирам јасно. Отсекогаш сме биле благодарни на ОК, на премиерите и на секретарот за одбрана …

Не знам што мисли тој [Волас] и како поинаку да ги изразам зборовите на благодарност.“ По што, според телевизијата, Зеленски „на шега“ додал дека „секое утро можеме лично да му кажуваме зборови на благодарност на министерот.