Има ли некој да му каже на Љубомир Јовески дека доаѓа време кога ќе се постави прашањето на неговата лична одговорност за тој фундаментален дебакл на јавните обвинителства?- реагира новинарот Бранко Героски откако државниот јавен обвинител повика на формирање „национален фронт“ за порба против корупцијата.
„Со каков кредибилитет државниот јавен обвинител Љубомир Јовески се осмелил јавно да им дели на своите колеги „писмени укажувања“ и „препораки“ за некакво „ажурирање на постапувањето“, особено во предметите кои се однесуваат на кривични дела од областа на корупцијата и во предметите кои се однесуваат на избрани и именувани функционери?
Со нула кредибилитет“! – прашува и констатира Героски.
„Обвинителот Јовески нема ни законски надлежности да формира некаков „национален фронт за борба против корупцијата“, како што најавува во соопштението на Јавното обвинителство. Еден таков фронт може да биде само политичка иницијатива и проект на одговорна и способна власт во борбата против корупцијата.
А, Јовески не е политичар.
Тој е неспособен државен јавен обвинител.
Јовески и тие што го држат на позиција, па згора го предлагаат и за уставен судија, се однесуваат неодговорно и тоа е една од причините поради која довербата на граѓаните во обвинителствата падна на историски најниско ниво.
Тој негов „фронт“ е замислен само како пропагандна алатка за покривање на неговата неспособност и неодговорност.
Вистински јавен обвинител, способен човек со професионален интегритет и со личен морал за извршување на таа одговорна функција, не пишува соопштенија, не издава препораки, не дрдори за „фронтови“, не се глупира пишува Героски за Плусинфо







