Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко почна војна со купаќи и бикини откако дојде на ,,Црната листа” на САД.
Порталот Струга Онлајн пренесува соопштение на општината која ја води Мерко според кое во центарот на овој туристички центар каде туристите вообичаено се разголени веќе никој нема да може да се шета по шорцеви, купаќи и бикини.
Во соопштението не се наведува дали причините за ваквиот радикален конзерватизам во градот на поезијата и туризмот се верски и се со цел да се заштитат верниците во градот од голотија или одлуката има друга цел поврзана со јавниот ред и мир.
Повеќе на StrugaOnlajn
Фото Струга Онлајн






