Поскапува каматата за дозволен минус

Стапките на казнената камата на минусните салда за граѓаните, од 1 јули со одлука на Народна банка на РСМ треба да изнесуваат 14 отсто, пишува Фактор.мк
Како што пишува порталот, деловните банки веќе ги приспособувале стапките на казнената камата на минусните салда за граѓаните.
Централната банка веќе ги известила деловните банки дека од почетокот на месецов референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, која изнесува 8 отсто, треба да се зголеми на 6 проценти. Станува збор за дозволените пречекорувања на трансакциските тековни сметки кај банките на кои пристигнуваат редовни месечни приливи по основ на плата или пензија.
„Ве известуваме дека референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата ја објавува Народната банка во согласност со Законот за облигациони односи.
Референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, за периодот од 01.7.2023 година до 31.12.2023 година, е зголемена за 1,25 одсто, односно согласно последната Одлука изнесува 6,00 проценти, додека до 30.6.2023 година изнесувала 4.75 проценти, велат за Фактор, од Македонската банкарска асоцијација.
Сепак, според банкарите ова нема да го намали интересот кај граѓаните за таканаречен дозволен минус
Целата анализа на :
https://faktor.mk/minusnite-salda-vo-delovnite-banki-stanuvaat-skapi-no-za-gragjanite-i-natamu-se-neophodni