Трамп: Бајден да не не’ влече кон трета светска војна

Поранешниот претседател Доналд Трамп вчера ја осуди одлуката на претседателот Џо Бајден да испрати касетна муниција како дел од новиот пакет помош од САД за Украина, предупредувајќи дека тоа може да доведе до Трета светска војна.



Изјавата доаѓа пет дена откако Министерството за одбрана на САД официјално ја објави одлуката.

„Џо Бајден не треба да не влече понатаму кон Третата светска војна со испраќање касетна муниција во Украина – тој треба да се обидува да стави крај на војната и да ја спречи ужасната смрт и уништување што ги предизвикува неспособната администрација“, рече Трамп.

Трамп го повтори аргументот на многу критичари – вклучително и оние од левицата – велејќи дека неексплодираната касетна муниција „ќе убива и осакатува невини украински мажи, жени и деца во децениите што доаѓаат, долго по војната“.