Македонија од денеска влегува во „портокалова фаза“ поради опасност од високи температури.
Утринската температура во западните повисоки области се движи околу 13 степени а на крајниот југ 23 степени, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 28 и 40 Целзиусови степени.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 10.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.






