Шкотската професионална фудбалска лига (СПФЛ) на својот официјален налог на Твитер му посвети објава на македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски, придружена со видео од сите негови голови во минатата сезона.
„Роден да дава голови. Бојан Миовски имаше одлична дебитантска сезона за Донси“, стои во објавата за стрелецот на 18 погодоци за Абердин, од кои 16 во шкотската Премиерлига и два во Лига купот.





