
Доцна попладнево се случи бунт во затворот во Битола – пренесуваат медиумите.
Според првичните информации запалена е затворска келија, а интервенирала и пожарна.
Од службите во Управата за извршување на санкции ја потврдија информацијата и велат дека огнот бил бргу изгаснат.
Според неофицијални информации на „360 степени“, најверојатно пожарот бил намерно предизвикан од еден од притворениците. Чадот бргу се разнел до останатите ќелии и простории на катот преку централниот систем за вентилација.
Во битолскиот затвор во делот каде избувнал пожарот се сместени притвореници, а во моментов мерка притвор таму издржуваат вкупно 18 лица. Се очекува, по наредба на судот, тие да се распоредат во притворски одделенија во останатите затвори низ земјава.
Сите извештаи на меѓународни институции укажуваат во континуитет за лошите затворски услови во државата.





