Не можам да си поверувам дека во третата дека од 21 век зборуваме за полни контејнери во Град Скопје и денеска е вторник и петти ден откако контејнерите се преполнети и истурени по улиците, вели Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија насловена Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните.
Андоновски најави дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат од надзорните и управните одбори на ЈП „Дрисла“ да покренат постапка против директорот.
Како што додаде, Арсовска влегла во клановска битка со политичка партија и во рамки на таа битка одлучила да брка луѓе од работа од „Комунална хигиена“ и тоа 2 години по нејзиното стапнување на функција.
Андоновски вели дека иако градоначалничката јавно се пофалила дека издвојувала победа и Скопје е чисто , денеска забележал дека сеуште контејнерите покрај булеварите не се чисти.
„Доаѓајќи наваму забележав на главните градски улици, не зборам за споредните улици затоа што тоа вчера беше кажано дека главните градски улици се чисти и сега се чистатат споредните улици, тоа не точно бидејќи денеска поминував низ главните булевари во Скопје, нечистотијата е се уште присутна“,рече Андоновски.
Во однос на блокирањето на градоначалниците н Аеродром и Кисела Вода да го одложат сметот во Дрисла, Андоновски коментира дека Арсовска намерно го направила тоа за да претстави лажна слика дека таа го решава проблемот со сметот на скопските улици.
„Ова затворање на депонијата Дрисла мене ми е очекувано, но мора да се има на ум дека таа депонија е на сите нас. Тоа е јавно претпријатие на сите нас. Јас проверував дали депонијата Дрисла има работно време, но тие работат 24 часа и може во било кое време да се јавите и да одложите отпад. И со тоа се блокираше акцијата на градоначалниците“, заклучи Андоновски






