Пеколни температури не очекуваат кон крајот на оваа недела. Топлотниот бран кој го зафати регионот доаѓа и во Македонија. Лекарите препорачуваат да се избегнува, колку што е можно, излегување од 10 до 17 часот, и да ги почитуваат препораките од Центарот за јавно здравје.

Кога мора да се оди надвор, да се избегнува изложеност на сонце и да се одмара под сенка. Постојано да се пијат повеќе течности, посебно вода, како и безалкохолни пијалоци, додека да се избегнува консумација алкохолни и пијалоци што содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци. воедно апелираат за сериозно почитување и придржување кон општите препораки за заштита од топлотен бран, велат лекарите.
Во најтоплиот период од денот да се избегнуваат физички активности, да не се спортува, и колку што може да се седи во климатизирани простории. Кога е најтопло, додаваат лекарите, највнимателни да се повозрасните граѓани, хронично болните, како и бремените жени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи веќе најавија дека не очекува топол бран со дневна температура од над 35 степени. Според синоптичарите, ниту од сабајле нема да е свежо како до сега, односно ќе биде над 20 степени. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога температурата ќе надмине 40 степени. Соседството, конкретно Грција, веќе е зафатена со пеколни жештини. Тамошното Министерство за здравство веќе излезе со препораки и совети до граѓаните како да се заштитат од високите температури.





