Зеленски бесен: Апсурдно е да нема временска рамка за влез на Украина во НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска остро го критикуваше НАТО затоа што Украина не доби временска рамка за приклучување кон Северноатлантската алијанса.



„Незамисливо и апсурдно е да нема временска рамка ниту за поканата, ниту за членството на Украина“, напиша тој во остра изјава на Твитер.

„Се чини дека нема подготвеност ниту да се покани Украина во НАТО ниту да стане членка на алијансата“, напиша пред пристигнувањето на Самитот на Алијансата.

„Сега, на пат кон Вилнус, добивме сигнали дека се разговара за одреден текст без Украина“, додаде Зеленски.

„Неодлучноста е слабост. И јас отворено ќе разговарам за тоа на самитот“, вели тој.

Тој вели дека без временска рамка за покана на Украина за членство во НАТО, „тоа значи дека се остава прозорец на можности за пазарење за членството на Украина во НАТО во преговорите со Русија.

А за Русија тоа значи мотивација да продолжи со својот терор.

Неизвесноста е слабост. И отворено ќе разговарам за ова на самитот“, напиша Зеленски.

Киев призна дека Украина нема да може да се приклучи на НАТО додека трае војната со Русија – но бара јасен распоред за влез.