За малите теми што ги покажуваат огромните непочитувања кон Македонија
Премиерот Ковачевски, да беше Македонија нормална правна држава, ќе се соочеше веднаш со глоба за кршење на законот за употреба на државното знаме.
Ковачевски на социјалните мрежи објавува фотографија која за него најверојатно го означува македонското знаме но е сосема различно од државниот симбол.
Владата и во 2023 бележи 100% активна транспарентност.
Ова е резултат на нашата посветеност за споделување на сите информации од важност за граѓаните.Севкупната активна транспарентност на Владата и министерствата изнесува 86%.
Имплементираме европски стандарди во државата. pic.twitter.com/kdqszhQecc
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) July 10, 2023
Со тоа премиерот со знаење или од незнаење го прекршил ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ГРБОТ, ЗНАМЕТО И ХИМНАТА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА објавен од
Службен Весник на Р.Македонија бр. 32/97 од 09.07.1997 година
Со овој закон се уредува употребата на грбот, знамето и химната на
Република Македонија.
Член 2
Со член 3 од законот Грбот, знамето и химната на Република Македонија мора да се употребуваат во согласност со одредбите на овој закон и на начин со кој не се нарушува
угледот и достоинството на Република Македонија.
Практично Ковачевски го крши членот 4 од законот според кој ,,Грбот и знамето на Република Македонија можат да се употребуваат само во формата и содржината што се утврдени со закон”.
Формата и содржината на законот се прецизно утврдени во друг закон ,,Законот за државното знаме” од 1995 година кој прецизно ја дефинира формата на знамето на Република Македонија.

Член 2
Знамето на Република Македонија е црвено со златно- жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден спрема два.
Член 3
Ликовно- графичкиот приказ на знамето на Република Македонија е составен дел на овој закон.
Според законот за употреба на знамето од 1997 година Ковачевски направил уште едно прекршување на закон затоа што тој на знамето објавено на социјалните мрежи додава негов потпис и други додатоци иако законот предвидива дека ,,Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо да се
впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат”.
Со објавување на знаме на Република Македонија кое е модифицирано односно сменето од законската форма премиерот Ковачевски го прекршил законот по што тој треба да одговара пред законот како и сите други граѓани.

Според законот за погрешно објавување на знамето од страна на Ковачевски треба да биде казнета и владата како институција.
Во КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ од законот во
член 30
меѓу другото се вели дека со парична казна од 50.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок
правното лице ако:
1) ги употребува грбот и знамето на Република Македонија спротивно на
одредбите од член 3 на овој закон;
2) ги употребува грбот и знамето на Република Македонија и ја изведува
химната на Република Македонија во поинаква форма и содржина од онаа
утврдена со овој закон (член 4);
4) употребува оштетени или со својот изглед неподобни за употреба грб и
знаме на Република Македонија (член 6);
5) не ги употребува грбот и знамето на Република Македонија согласно со
одредбите од член 7 на овој закон;
Со парична казна од 10.000 до 40.000 денари ќе се казни и одговорното
лице на правното лице за прекршок од став 1 на овој член.
За прекршок од став 1 на овој член ќе се казни со парична казна од 20.000
до 50.000 денари и одговорното лице на органот на државната власт,
единицата на локалната самоуправа, јавната установа, јавното
претпријатие и јавната служба, што ја основа Републиката, односно
единицата на локалната самоуправа.
За прекршок од став 1 на овој член, ќе се казни со парична казна од 5.000
до 10.000 денари и физичко лице.
Не сум наивен да помислам дека министерот Оливер Спасовски кој е многу ревносен при прогонот на адвокатот Менкиноски за истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш кое е од сосема друга природа и нема врска со државното знаме ќе реагира.
Спасовски кој е близок другар на таткото на премиерот сигурно нема да се осмели да поведе постапка против премиерот иако е јасно дека неговиот шеф или најавува ново знаме, или свесно го крши законот или има проблем во восприемање на боите и формата на државниот симбол.
Но нека се знае дека во Македонија за едни законот е мајка а за други маќеа.
Цената за мајтапот на Ковачевски со државното знаме како и за се друго што го направил еден ден ќе мора да се плати, а тој ден е се поблизу.
П.С. За небулозното тврдење на Ковачевски дека владата била 100 проценти транспатентна додека се уште го крие договорот со Бехтел и Енка и откако до последно го криеше бугарскиот предлог признат како француски не вреди ни да се зборува.





