Дели Дардишта, поранешен синдикален лидер во „Комунална хигиена“, признава дека дел од неговата фамилија е вработена во претпријатието.
Арсовска: 40 членови на фамилија Дардишта работат во ЈП „Комунална хигиена“ (ВИДЕО)
„ Вистина е дека ние сме големо семејство, но секој има своја куќа, секој си живее со своите деца. Ние со генерации сме тука, сè е легално, согласно закон. Секој има право да се вработи. Камо да имавме среќа да работиме на друго место, а не во ѓубре“, вели Дардишта, пренесува Скопје Инфо.
Градоначалничката Данела Арсовска вчера рече дека над триесетина лица земале повисока плата и до 35 проценти, а ниту еднаш не се појавиле на работа.
Како што рече, тие живееле во Германија, а земале џепарац од први до 15 до месецот во вид на плата од „Комунална хигиена“.







