Претседател на Управниот суд, Бурим Сејдини, негира дека ја злоупотребувал положбата и оти рачно распределувал, но и застарувал предмети. Објавувањето вакви информации во јавноста, тој го оценува како обид за лична и дискредитација на судот.
Шефот на Управниот суд намерно „застарил“ 190 предмети
„Интересно е што се лиферуваат непотврдени информации во јавноста дека се поднесени анонимни кривични пријави од вработените во Управниот суд“ реагираше Сејдини откако ТВ Алсат изминатиот викенд објави дека вработени во судот му поднеле кривична поради сомнежи за злоупотреба на службената должност, а како една од причините биле сомневања за манипулирање со системот АКМИС.
Телевизијата објави и дека имало анонимни пријави дека Сејдини намерно чувал во фионка речиси 200 предмети, главно финансиски случаи од Царина и од УЈП со цел тие да застарат и со тоа била нанесена штета од околу милион евра.
На ова Сејдини вели:
„Секој еден што влегол во суд знае дека претседател на суд не може да застари предмет, а особено што во управна судска постапка пред Управен суд, не е можно да застари предмет од областа на даноците и царините затоа што законските рокови за застареност што се предвидени во соодветните прописи се однесуваат единствено на постапување на органите на управата, а судот е единствено надлежен да констатира застареност согласно тие прописи.
Оттука јас како претседател на судот ниту пак електронскиот систем располага со податоци кога одреден предмет ќе добие третман на застарен даночен или царински долг, за истите да бидат предмет на манипулација од моја или чија било страна“,вели Сејдини.







