Дел од вработените во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје што вечерва дојдоа да одработат трета смена беа непријатно изненадени со списокот од 27 отпуштени, закачен на огласната табла.
Отказ добија учесниците во блокадите, меѓу кои 10 на работното место „главен на блок“, седум работници за собирање отпад, пет возачи на тешки товарни специјални возила, како и по еден шеф на смена, магационер, метач, возач на лесно товарно специјално возило и возач на мала метларка.
„Баравме леб, добивме отказ“, изјави за Телма претставникот на вработените Насер Билјали, кој е на списокот на отпуштени.






