Воено разузнавање на Бугарија: Скопје влијае врз „бугарските малцинства“ во соседството да се изјаснат како македонски

Службата Воено разузнување на Бугарија во извештајот за 2022 година констатира обиди на Македонија да влијае врз „бугарските малцинства“ во соседството да се произнесат како македонски.



„Во Република Северна Македонија суштинските уставни измени не се спроведуваат, а Договорот за добрососедство и пријателството со Бугарија се применува делумно и селективно. Утврдени се обиди на Скопје да влијае врз бугарските малцинства во соседните земји со цел да се идентификуваат како ‘македонски’.

Неконструктивната политика на властите на РСМ кон Софија наидува на сè поизразена поддршка и кај некои надворешни фактори. Продолжија обидите на северномакедонската страна за искористување одредени меѓународни организации, со цел нанесување штетуа врз имиџот на Република Бугарија. Трендот ќе продолжи и ќе бара будност од бугарските власти.

Покрај тоа, во 2022 година, традиционално не се констатира напредок во изградбата на клучниот коридор за НАТО бр. 8 во неговиот дел преку територијата на РСМ“, се вели во извештајот.