Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, покажа најновата анкета на ИРИ (меѓународен републикански институт).
56 проценти од испитаниците сметаат дека државата со актуелната Влада на чело со СДСМ и Димитар Ковачевски се движи во погрешна насока, додека пак само 14 проценти сметаат дека се движи во добра насока.
На прашањето дали според вас Владата на Ковачевски е посветена на решавање на првиот најважен проблем со кој се соочува Македонија, економската ситуација, дури 40 проценти одговориле дека воопшто не е посветена на решавање. Само 3 проценти од граѓаните сметаат дека целосно е посветена, додека 17 проценти сметаат дека во принцип е посветена, 37 проценти одговориле дека во принцип не е, додека најголем процент односно 40 процентот од испитаниците сметаат дека Владата на СДСМ и Ковачевски воопшто не е посветена на решавање на првиот проблем или подобрување на економската ситуација.
На прашањето кој според вас е најважниот прв и втор проблем со кои се соочува Република Македонија денеска, дури 15 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека прв најважен проблем со кои се соочува државата е економската ситуација. Веднаш потоа, како втор најважен проблем кој го посочуваат граѓаните во анкетата на ИРИ или дури 13 проценти од граѓаните сметаат дека тоа е сиромаштијата, нискиот животен стандард како и проблемите на обичните граѓани, додека пак 11 проценти од граѓаните сметаат дека високите цени се вториот најважен проблем.
Анкетата е спроведена на 1,204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години со метод на повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.



