Неколкумина вработени во „Комунална хигиена„ доцна синоќа во близина на трговски центар во општина Гази Баба претепале колега затоа што излегол на терен да работи, наместо да протестира заедно со нив.
Од полицијата јавија дека еден од тепачите е приведен.
„На подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(28) од Скопје, вработен во ЈП Комунална хигиена Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 околу 23.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со Д.Д. и уште неколку лица, физички го нападнале Д.С.(37) од Скопје, додека ги извршувал своите работни задачи како вработен во истото претпријатие“, соопштија од МВР.







