Полициски службеници од Регионален центар Југ на место викано „Караорман“ вчера околу 11: 30 часот ги привеле Ч.Х.(44), В.Р.(47), Ј.Л.(38) и едно малолетно лице, сите од Кина.
По извршените проверки во службената евиденција е констатирано дека немаат остварено легален влез во државата, со што постапиле спротивно на Законот за странци, односно незаконски престојувале во државата.
МВР соопшти дека на лицата од полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија им се изготвени решенија за враќање и напуштање на територијата на државата.






