Пукање во раните утрински часови во ноќен клуб во центарот на Кливленд испрати девет лица во болница, но нема информации за жртви, соопштија властите.
Полицијата соопшти дека прелиминарните информации укажуваат дека некој отворил оган кон група луѓе во округот Варехаус непосредно пред 02:30 часот во неделата додека клубовите се затворале. Осомничениот очигледно побегнал јави АП
Началникот од полицискиот оддел во Кливленд изјави дека биле погодени седум мажи и две жени на возраст од 23 до 38 години.
Едно од мажите е тешко повреден, додека другите полесно.
Веднаш не беа пријавени апсења. Полицијата ги замоли сите кои имаат информации за пукањето да контактираат со нив.






