„Верувам дека е можно да се најде решение за спорот со името до крајот на првата половина на 2018 година“ изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за грчката телевизија „Алфа“.
Тој смета дека решението треба да биде прифатливо и за двете земји, со коментар дека такво решение постои, но избегна да открие детали, за, како што рече, „да не го урниса преговарачкиот процес“, пренесе РСЕвропа.
Убеден сум дека постои решение и редот е секако тоа решение за граѓаните на Грција да го соопшти премиерот Алексис Ципрас, а јас на моите граѓани овде да им го соопштам решението. Но, верувам дека постои можност до крајот на првата половина од 2018 да изнајдеме решение, коешто дефинитивно ќе ја унапреди соработката меѓу нашите две земји и кога конечно, јас ќе можам да кажам како премиер на мојата земја, дека стекнавме уште еден голем сојузник, а тоа е нашиот јужен сосед, рече тој во интервјуто
Заев коментира дека со грчкиот прмиер Ципрас делат исти лидерски вредности.




