ВМРО-ДПМНЕ: Да се преиспита деловната способност на Арсовска

Ја разбираме специфичната состојба во која се наоѓа Данела Арсовска, иако не ја оправдуваме истата. Веројатно ѓубрето е помалиот дел од проблемот, туку личноста со слични карактеристики на него, која го води градот. Оттука изразуваме сериозен сомнеж за деловната способност на Арсовска да го води градот. Нема претпријатие кое не го упропасти, а последниот случај покажа дека ЈП Комунална хигиена може да работи само во тесна соработка со полицијата на Спасовски.



Данела Арсовска потребно е да си даде оставка и да престанe да го измачува Скопје, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ откако Арсовска преходно го навредуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и го нарече ѓубре.