Легендарниот ирски ултимејтфајтер Конор Мекгрегор предизвика лавина реакции на Твитер со своето прашање „дали тоа момче Волкановски е Полјак“, а меѓу стотиците одговори се издвојува тој на Крис Павловски, основач и сопственик на платформата за споделување видеа „Рамбл“.



„Македонец. Александар Велики“, реагира под твитот на Мекгрегор еден од најуспешните македонски бизнисмени во светот, роден во Торонто, а неговите родители во Македонија, притоа користејќи го нејзиното државно знаме.

„Волкановски е Полјак колку што си ти Шкот“, му одговори друг твитерџија, правејќи аналогија меѓу логиката на Мекгрегор заснована на презимето на Алекс и тоа на Конор што потсетува на шкотските.

Со навидум „невиното“ прашање пензионираниот Мекрегор ја поттикна имагинацијата на тие што посакуваат историска борба на првиот ултимејтфајтер што истовремено бил светски шампион во две тежински категории (перолесна и лесна) со Македонецот по татко му Тоде од битолското село Беранци, кој со триумфот над Мексиканецот Јаир Родригез со технички нокаут во третата рунда рано утрово во Лас Вегас по петти пат ја одбрани светската круна во перолесна категорија.