Дрисла не го прима сметот што го собраа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Депонијата Дрисла не го прима сметот што вечерва го собраа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ затоа што не ѓубрето не било собрано и дистрибуирани со дозвола на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, брифираат извори во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



Откако дозволи Скопје да тоне во смет, сега Арсовска прави нови чекори на штета на македонските граѓани со тоа што не дава дозвола „Дрисла“ вечерва да го прима ѓубрето кое се собра во скопските општини во организација на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи акциите се организирале без таа да знае, велат истите извори.

,,Вечерва сме на терен да решаваме проблем создаден од страна на градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“. Овој проблем тие не можат да го решат пред се заради лош менаџмент. После 4 дена ужасна состојба која стана и здравствен предизвик за жителите, заедно со колегите градоначалници решивме да преземеме конкретни чекори”, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски од терен во општината каде вечерва смет заради проблемот кој го создаде градот Скопје.

Тој посочи дека иако општина Аеродром нема соодветна механизација, со тоа што е на располагање веќе се чистат депониите кои се создадени низ Аеродром.

,,Крајно сум благодарен на градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов кој на прв повик даде помош и очекуваме во секој момент да пристигнат два огромни камиони од Штип кои ќе ни помогнат да ги празниме контејнерите”, рече тој.

Муцунски додаде дека тоа што треба да го знаат сите скопјани е дека нема каде да се однесе ѓубрето, согласно информациите на првите камиони кои пристигнуваат во ЈП Дрисла не им се дозволува ѓубрето да се депонира таму.

,,Во овој момент се подготвуваме да се упатиме на таа локација да видиме да го решиме тој дополнителен проблем. Тоа што треба да го знаат сите, ќе дадеме максимални напори во најбрз можен рок да ги отстраниме проблемите. Работиме посветено, тоа е наша обврска”, изјави Муцунски за МИА.

Муцунски вечерва е пред депонијата Дрисла која одбива да го прими сметот.

Видео на линкот

https://fb.watch/lGTFuLSxrc/?mibextid=Nif5oz

Најнова вест

Без физичко насилство но со високо ниво на тензии

Драма пред Дрисла, признание за наредба кои камиони со ѓубре не можат да влезат во градската депонија (ВИДЕО)