Старо-новиот светски шампион во ултимејтфајт во перолесна категорија, Австралиецот со македонско потекло Александар „Велики“ Волкановски, по триумфот со технички нокаут над Мексиканецот Јаир Родригез најави дека ќе оди на операција на раката, па до крајот на годинава ќе се бори против Грузиецот Илија Топурија.



„Само небото е граница“, изјави по мечот во Лас Вегас 34-годишниот Македонец по татко му Тоде од битолско Беранци.

„Има неколку опции. Ми треба операција на раката, тренинг-кампот беше ‘борба’, ќе го добијам тоа штом дојдам дома и ќе се борам уште еднаш оваа година. Ќе го смачкам Топурија и сè уште го сакам тој појас во лесна (категорија)“, додаде популарниот Волк, мислејќи на римеч со Ислам Махачев од Русија, од кој загуби на контроверзен начин во февруари годинава со прегласување на судиите.

Волкановски се повреди на тренинг пред борбата со Родригез, а по операцијата на раката се очекува да паузира три месеца.

Дуелот со Топурија би бил во бантам категорија, до 61 кг. Двајцата се сретнаа по мечот во Лас Вегас и си разменија пораки на минување: