Николов: Здравството со оваа власт е со „поминат рок“

Николов: Здравството со оваа власт е со „поминат рок“ – долги листи на чекање, позитивна листа на лекови од 1995, лоша здравствена инфраструктура

Членот на Извршниот комитет, доктор Игор Николов на денешната трибина насловена „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“ која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и за состојбите во македонското здравство и за организацијата и за менаџментот на здравствените установи.



Николов посочи дека и покрај огромен број на вработени административни службеници во здравството и здравствените институции, работите требаше да одат сами од себе, а наспроти тоа пациентите се соочуваат со долги листи и планови на чекање.

„Реално, докторите чувствуваат дека на толку административни работници, работата треба само од себе да оди, а тоа за жал не е случај, за жал, листите за чекање се долги, плановите за чекање се долги и се се пролонгира“, рече Николов.