Телеграф: Германија ќе ја блокира кандидатурата на Украина за НАТО

Сојузниците на НАТО инсистираат дека вратата е отворена за приклучување на Киев, но многумина се длабоко поделени околу тоа колку брзо треба да се преземе тој чекор.



Имено, Германија ќе инсистира на одложување на пристапот на Украина во НАТО поради стравувањата дека овој потег би можел да ја одведе Алијансата во војна со Русија, дознава „Телеграф“.

Извор од Алијансата рече дека Берлин ќе го искористи годишниот самит на НАТО во Вилнус, Литванија оваа недела за да ги повика другите да се фокусираат на безбедносните гаранции, наместо на предлозите за членство, за да и помогнат на Украина да се одбрани во отсуство на пристап.

„Берлин се спротивставува на можноста да понуди итно членство“, изјави изворот за Телеграф.

„Таа сака процес и време за развивање гаранции за суштински да го блокира членството“.„Берлин не сака да го види Владимир Путин како потенцијално го тестира членот 5“, пишува весникот.

Според клаузулата од член 5 на Алијансата на НАТО, секоја земја-членка нападната од надворешен агресор има право да побара воена интервенција од останатите сојузници.

И американскиот претседател, Џо Бајден рече дека сака да избегне ситуација кога „сите сме во војна, во војна сме со Русија“.

Бајден додаде дека Украина „не е подготвена“ за членство во НАТО и дека „ќе потрае некое време“.