Бугарски медиум: Скопје се надева на нов круг преговори со Софија!

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи најави дека властите во Скопје се подготвени за преговори со новата бугарска влада.



Оваа порака Османи ја испрати за време на 16-тото издание на меѓународниот „Дубровнички форум“ во Хрватска, каде што присуствуваше и бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел. Според Османи, „уставните измени во Република с.Македонија се сериозна предизвик“ за земјата, пренесе бугарскиот портал „Сега“.

„Но, се надевам дека по формирањето на редовната влада во Бугарија, како и со меѓународна поддршка за процесот, вклучително и нашата подготвеност да преговараме со новиот бугарски кабинет, може да се постигне неповратен пресврт во нашиот процес на европска интеграција“, рече Османи за време на панел дебатата – „Западен Балкан: нов евроатлантски момент“.

Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, Османи во текот на дискусијата ја развил тезата дека евроинтеграциите може да се забрзаат со моделот – „Повеќе интеграции пред членство“. Тоа би значело постепена интеграција на земјите кандидати, преку пристап до фондовите на ЕУ и други предности од пристапниот процес“.