Функционерот на СДСМ што не сакаше да се слика пак се сликал и барал колективна свест

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ на летен камп на партискиот подмладок порачал дека социјалдемократијата е водечки принцип кога станува збор за градење европско, напредно општество рамо до рамо со големите државотворни народи од Европа и дека македонските социјалдемократи за тоа се борат затоа што тоа е современ патриотизам на 21 век, потенцираше Зечевиќ.



Зечевиќ минатата недела рече дека е човек за работа на терен и дека не сака да се слика по што СДСМ на својот сајт објави 6 реката со него.

По една недела генсекот што не сака да се слика пак се сликал и побарал наместо индивидуалната свест која е типична за капитализмот младите социјалдемократи да градат колективна свест.

,,Македонската иднина не е прашање на поединци. Колективната свест и совест раѓа колективен напредок. Затоа вие младите мора да бидете моторот којшто ќе ја поттикнува таа колективна свест, изјавил Зечевиќ.

Што ли ќе беше ако генсекот на СДСМ сакаше да се слика?

Партијата му објави 6 Пи Ар текста со слики за 139 минути а генсекот тврди дека не сака да се слика