Промена на име се спрема, ВМРО-ДПМНЕ абер си нема

По утринската божикна литургија, претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека нема никакви информации што се случува во спорот за името.



Тој направи паралела со неговиот колега лидерот на грчката опозиција и партијата Неа Демократија, Киријакос Мицотакис кој предходно се пожали дека немал информации за преговорите со Скопје.

Мицкоски во врска со спорот со името, изјави дека тој и неговата партија до овој момент немаат информација за тоа како се одвиваат преговорите. Затоа според него, тие не би можеле да коментираат било што во врска со решенијата за кои разговараат премиерот Заев и грчкиот колега Ципрас.

„Денес освен празникот Божиќ е и мој именден. Вчера, на Бадник, кршевме лепче со паричка и таа падна кај мене. Децата со учеството на Бадникарската поворка, ја искажуваат својата определба и верувањето во бога од најмали години. Мислам дека таквите деца можат само да се изградат во правилна личност која ќе ги почитува сите“, рече Мицкоски денеска.