Дојран доживува една од најлошите туристички години. Сместувачките капацитети веќе втор месец се празни, а не е сигурно дека и август, кога во овој центар престојуваат домашни гости, ќе може да ја „извлече“ сезоната. Туристичките работници се жалат дека се оставени сами на себе, но искусни туристички работници велат дека многу малку се работи на маркетинг и промоција на посебноста на Дојранското Езеро и регионот, кој има што да им понуди на странските гости. Дополнително, велат дека овој туристички центар има цени кои се речеиси еднакви како тие во Охрид, иако Охрид е далеку повеќе етаблиран на светската туристичка мапа.
Туристичките работници од Дојран велат дека сезоната им почнала слабо поради дождовите, но очекуваат барем август, кога најголем дел од туристите се домашни, да имаат повеќе работа.
Линк до целата анализа на Плус Инфо.






