Американската амбасадорката во Македонија Анџела Агелер во интервју за весникот Капитал изјви дека САД се разочарани од напредокот во судството во земјата.



Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“, вели Агелер во интервју за веникот „Капитал“.

„Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но не гледаме подобрувања и реформи што би можеле да ги очекуваме со толку голема инвестиција.

Сепак, на крајот на краиштата, системската корупција во целата земја во сите сектори подиректно им наштетува на луѓето во с. Македонија отколку нам.

Сите вие заслужувате општество, судство, влада чии постапки се транспарентни и ви служат вам – на граѓаните. Тоа е камен – темелник на фер и функционална демократија.

На тоа треба да се фокусира владата, без разлика на тоа која партија е на власт. Судството мора да биде независна, целосно финансирана и неполитичка гранка на власта. Политичките лидери треба да го сакаат тоа, а вие граѓаните треба да го барате“, вели Агелер во интервјуто.