Вицепремиерот Фатмир Битиќи предлага административците кои користат неплатено отсуство по 3 месеци за да работат во странство, по нивното враќање да се вработат во приватниот сектор каде има недостиг на работна сила.



„…Кога ќе се вратат во септември, истите слободно да ги понудиме на приватниот сектор, ќе дадеме стимулирање и за приватниот сектор за да се вработат еднаш засекогаш таму каде што најмногу се потреби“,вели Битиќи.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу изрази жалење што во повеќе институции вработените бараат неплатен одмор, заминуваат на неколку месеци во странство и дел од нив по неколку години остануваат таму.