
Активистката Ана Глигорова на Фејсбук прави паралела меѓу македонската елита и обичните граѓани, кои се принудени да работат преку лето на Јадранското море за да имаат храна во зима.
Перат пари, преку градежништво, блокови зградурини кои зјаат празни, преку продавници на пари каде валкан кеш се обелува кога сиромашните луѓе ќе позајмат, ..Перат пари преку филмови, манифестации кои немаат никаква вредност освен таа на машината за перење. Научија да перат, со едвај четврто одделение кое со тешки маки го завршиле, затоа што на секој проект ќе нафилуваш измислени ресурси кои фигурираат само како физички лица или преплатени ресурси. Тие перат пари, а луѓето одат да мијат садови на Јадран за да имаат пари за храна во зима. Кој на јахта, кој сонува кашкавал да јаде. Сите богати овде се перачи на пари – пишува Глигорова.





