Миле Јанакиески мора да биде заштитен в затвор и не смее да се соочува со измачување, изживување и психичка тортура затоа тоа не е правда смета новинарката Јорданка Ивановска Јоци по трансферот на екс министерот на издржување на затворска казна иако истата веќе ја одлежал во домашен притвор.
Ивановска забележува дека не е правда кога власта 48 часа однапред му испратила возило со кое требало да биде однесен в затвор а во меѓувреме е предмет на изживување и психичка тортура.
,,На Миле Јанакиески државата треба да му гарантира врвна безбедност и пред сé да му обезбеди медицинска нега, затоа што како што може да се увери цела Македонија од видеото – тој здравствено не е добар, особено денеска по пресудата и одлуката да оди во Идризово.
Два дена пред зграда му стоеше возило за ,,собирање”, медиуми објавија, го заплашуваа со тоа него, децата, жената, а дури по два дена го собраа во Идризово.
Дали тоа е правилно, дали тоа е човечки?
ℹ️ Искрено сочувствувам со него, затоа што се видовме пред некое време и лично се уверив дека е скршен. Навистина му треба здравствена нега.
И, да. Миле, по цела голгота, е сосема друг човек, не е истиот од ,,бомбите”.
Тоа е едно, а второ тој беше висок профил и не може да има контакт со затвореници кои би му се одмаздувале, како кога беше претепан пред 4 години.
❗️Да, Миле беше таков и онаков и треба правда. Но, тој 7 години се влече по судови, психички е партал, 4,5 години е во притвор, го шетаа пет пати во Шутка, беше и претепан…
Не знам како поинаку оваа држава замислува правда.
Измачување, изживување и психичка тортура не е правда!
Проштевајте, но – не е!”, пишува Ивановска.
Ивановска го објавува видеото на Макфакс во кое се гледа дека Јанакиевски по 7 години судски процеси и 4,8 години во домашен притвор е крајно вознемирен.
Фото: Принт скрин видео Макфакс






