Најчевска: Мисија на ЕУ доаѓа зашто сме „недоветни шутрачиња“

Професорката Мирјана Најчевска реагира на „одушевеноста“ на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и на премиерот Димитар Ковачевски според кои Eвропската мисија која ќе врши мониторинг врз работата на Судскиот совет била добра порака до оваа институција.



„Не бре дете, не е добро што доаѓа европската мисија да врши мониторинг врз судскиот совет.
Тоа значи дека сме недоветни, неспособни, шутрачиња кои некој треба да ги мава по уши за да не си ги јадат мрсулите“, му порачува на Марииќ Најчевска.

Во претхопдна објава на Фејсбук, Најчевска се обрати и до премиерот:

„Така и Прибе си направи оценска мисија и ние соодветно постапивме по неговите наоди.

Ајде бре не си играј мајтап со народецот и престани лажно да се претставуваш како претседател на владата на Македонија“, пишува Најчевска.